|
ГО РАЗБИРАТЕ ЛИ ЈАЗИКОТ НА КУЧИЊАТА?
Четирите најважни зборови за одгледување кучиња се: ЉУБОВ(многу љубов), ВНИМАНИЕ, ТРПЕНИЕ И УПОРНОСТ. Најважно од се е односот сопственик-куче да се базира на заемното разбирање и доверба. Мора да се сфати дека кучето понекогаш, едноставно, не разбира...
Запаметете ги основите за одгледување куче: на моменти тоа не разбира кога го казнуваме за нешто што до пред малку беше дозволено, на пример, еднаш може да скокне на тебе, а друг пат не. Исто така важно е да не се казнува кога ќе направи нешто за што не е фатено на дело, на пример, доаѓаш дома и гледаш дека целата куќа изгледа како да влегол некој натрапник или крадец, а кучето е весело дека сопственикот е дојден, но ти го казнуваш за нередот што го направило. Во тој случај тоа ќе помисли дека добива казна затоа што се радува, а не затоа што направило неред. Кучето нема да го изеде месото што е оставено на масата затоа што сака да краде, туку затоа што во тој миг месото има примамлив мирис. Поради полесно сфаќање и разбирање, кучето треба да се прифати како мало дете, кое незнае да зборува. Кучињата не ја знаат разликата помеѓу послушноста и непослушноста, бидејќи учат по пат на искуство, низ дресурата, која всушност се базира на пријатно и непријатно сеќавање.
Тие не го разбираат човечкиот речник , туку распознаваат преку начинот на изговор и тонот на гласот, кој им ја издава ��
|